Вработените на нивните работни места се потенцијално изложени на одредени опасности и штетности при извршувањето на нивните работни активности на кои доколку не им се посвети потребното внимание можат да претставуваат сериозна закана и пречка за континуираното нормално одвивање на работата. Во тој поглед, работодавачите се морално, етички и правно обврзани да им обезбедат здрава и безбедна работна средина на вработените како би ги заштитиле првенствено вработените, а потоа и себеси како правни субјекти од негативните последици како резултат на несакани повреди или болести кои се јавуваат на работните места. За таа цел, работодавачите превземаат превентивни мерки во облик на разни видови на обуки, семинари и тренинзи за да го зголемат нивото на безбедноста во работењето на нивните вработени.
Со Законот за Безбедност и здравје при работа (Службен весник бр.92/2007 и Службен весник 136/2011) кој што е усогласен со важечките европски и меѓународни регулативи од оваа област, се предвидува обезбедување на обуки на вработените со цел зголемување на бзбедноста при нивното работење, во следните области:
- Обука за безбедно и здраво работење
- Обука за прва помош
- Обука за противпожарна заштита
Обуките за безбедно и здраво работење се вршат во согласност со видот на работното место и содржат специјални насоки за намалување на последиците од разните штетни влијанија на нивните работни места. Обуките се вршат во нашиот тренинг центар по најсовремени техники и методи на предавање на знаењето.
Обуките за прва помош се вршат во соработка со специјализирани здравствени установи кои се овластени за обезбедување на вакви видови на услуги.
Како и обуките за прва помош, така и обуките кои се наменети за противпожарна заштита, ги вршиме во соработка со специјализирани организации кои исто така поседуваат соодветни овластувања и лиценци за вршење на стручни работи од ваков тип.