Периодично испитување на опрема за работа

Прегледот и периодичното испитување на опремата за работа претставува основна мерка за заштита на вработените од аспект на опасностите кои произлегуваат од употребата на различните средства и опрема за работа. Исправноста на средствата и опремата за работа ги елиминира потенцијалните опасности кои што можат да се појават и да предизвикаат последици врз безбедноста и здравјето на лицата кои ги користат и ракуваат со нив на своите работни места Поради тоа, задолжителна обврска на работодавачите е да обезбедат технички исправни средства и опрема за работа што подразбира редовно испитување на опремата и средствата за работа и да делуваат превентивно со цел да ги заштитат вработените и себеси од било какви штети и незгоди кои може да настанат како резултат на неисправни опрема и средства за работа.
Прегледот и периодичното испитување на седствата и опремата за работа е сложен систематски процес кој опфаќа повеќе аспекти во зависност од работниот, техничкиот или технолошкиот процес кој се извршува со споменатите средства и опрема за работа.