Проценка на ризик и концепт на изјава за безбедност

Проценката на ризикот е фундаментална за доброто здравје и управувањето со безбедноста на работното место. Сите работодавачи без разлика на големината на бизнисот се обврзани со законот да извршат проценка на ризикот на нивните работни места и да чуваат пишано досие или извештај од кокретната проценка на ризик на работните места.

Работодавачите често ја избегнуваат идеата за извршување на проценка на ризикот бидејќи добиваат претстава дека таа е многу комплицирана, тешка за изработка, дури и непотребна.
Проценката на ризикот е едноставен поглед одблиску на работните места и природата на работните активности кои можат да предизвикаат штета на вработените и посетителите (клиенти, потрошувачи, добавувачи, маркетинг агенти итн.) на работните места во една организација и одредување на контролните мерки кои организацијата може да ги имплементира за минимизирање на ризикот.

Постојат 3 основни чекори во проценката на ризикот:
 
  1. Препознавање на опасностите (пр.се што има потенцијал да предизвика штета во облик на повреда или болест кај луѓето.
  2. Препознавање на нивото на ризик за секоја опасност (производот одверојатноста од појавата на некоја штета со бројот на случаи (зачестеноста) на штетата или болеста преземена од статистички податоци. При овој чекор се одлучува кој се може да биде повреден со посебен пристап на ранливите групи на лица (млади лица, бремени жени, постари лица, сменски работници итн.)
  3.  Препознавање и утврдување на контроли или подобрувања кои е потребно да се воведат за да се избегне или намали ризикот. Контролните мерки се најзначаен дел од проценката на ризикот, бидејќи тие ги одредуваат чекорите кои мора да бидат следени за да се заштитат луѓето на работното место. Некои од контролните мерки се вообичаена пракса. Организацијата мора да одлучи дали има потреба од дополнителни контролни мерки. Проценката на ризикот им овозможува на организациите и нивните управители да дознаат кои се високоризични опасности кај нивните работни места и истите да ги стават како приоритет при управувањето со безбедноста и здравјето. 

Наредни чекори во управувањето со безбедноста и здравјето

Управувањето со безбедноста и здравјето на работното место е континуиран процес. Потребно е да се вклучат вработените во процесот за да бидат запознаени со Изјавата за безбедност за нивното работно место. Изјавата за безбедност треба да се обновува и ревидира доколку има потреба. Тоа најчесто се бара годишно, но на некои работни места и почесто доколку природата на работните места се менува и вработените се изложуваат на нови опасности (употреба на нови машини или нови работни процедури).

Проверка на ефективноста на предвидените мерки. Управителите на организациите можат да превземат три едноставни чекори за да ги минимизираат незгодите на работните места:
  • Избегнување на ризични активности.
  • Охрабрување на индивидуите да се однесуваат безбедно.
  • Подобрување на безбедно однесување во изведувањето на рутинските задачи.

Регулатива и упатства

Регулативата за безбедност и здравје при работа ги одредува главните обврски и насоки за осигурување на безбедност, здравје и благосостојба на луѓето при работата. Регулативата се однесува на сите работни места без разлика на бројот на вработени.
Должности на работодавачот
  • Управување и спроведување на сите работни активности на начин кој ќе осигура безбедност, здравје и благосостојба на луѓето при работата.  
  • Креирање, обезбедување и одржување на безбедни работни места, кои имаат безбеден пристап и излез, со користење на безбедни процедури и средства за работа без ризик по здравјето.
  • Обезбедување на информации, инструкции, обуки и надгледување во контекст на безбедноста и здравјето на работниците
  • Обезбедување и одржување на објектите за релаксација на вработените на работното место
  • Заштита од ризици за други луѓе на работното место меѓу кои:  (клиенти, потрошувачи, добавувачи, маркетинг агенти итн.)
  • Подготовка на план за евакуација

Придобивки

Без разлика на големината на организациите потребата од управување со безбедноста и здравјето при работа е подеднакво важна. Всушност, организациите и одговараат пред законот за безбедноста и здравјето на вработените и на сите останати кои можат да бидат засегнати поради природата на работата на организациите.

Незгодите и болестите поради работата се проследени со трошоци за бизнисот, загуба на време, губење на вештини, зголемување на премиите за осигурување, законски процедури и сл. Придобивките од ефективното управување со безбедноста и здравјето за малите бизниси посебно, се многу значајни. Постојат евидентни докази дека ефективното управување со безбедноста и здравјето придонесува директно за целокупниот упсех на бизнисот. Ова важи за сите сектори во стопанството и за сите бизниси без разлика на обликот или големината.

Покрај очигледните законски и морални обврски кои друштвото ги има како работодавач, посебно внимание треба да се посвети на последиците со кои може да се соочи друштвото поради сериозните повреди поради работата. Големи се последиците врз бизнисот доколку некој од клучните вработени е отсутен поради повреда или болест поврзани со работата. Покрај тоа, големи се последиците врз репутацијата на бизнисот. Исто така и осигурителните премии и надоместите за вработените. Позитивен и проактивен пристап кон управувањето со безбедноста и здравјето може да ги минимизира можностите за финансиска штета за бизнисот.

Основата за управување со безбедноста и здравјето на работните места е пишаната Изјавата за безбедност. Изјавата за безбедност претставува програма на бизнисот (управителот) за заштита на безбедноста и здравјето на вработените и останатите кои можат да бидат засегнати од работните активности. Самата припрема на Изјавата за безбедност нема да ги спречи повредите и болестите поради работата, но со самото дадено ветување за промовирање на безбедноста и здравјето при работа и одредувањето на аранжманите и средствата кои ќе бидат одвоени за нив, Изјавата за безбедност има витлана улога во управувањето со безбедноста и здравјето на работните места.
Управувањето со безбедноста и здрајето при работата е добро за сите.
  • Ги намалува шансите за повреда на работното место
  • Го подобрува моралот и мотивацијата кај персоналот
  • Го намалува отсуството
  • Штеди пари

Должности на вработените

Вработените, вклучувајќи ги и тие вработени на одредено време или со скратено работно време, исто така имаат должности кои вклучуваат:
 
  • Да ги следат релевантните закони да ги штитат нивните сопствени безбедност и здравје, како и безбедноста и здравјето на секој кој може да биде засегнат од нивните активности на работа
  • Да се осигураат дека не се под влијание на ниедна отровна материја до таа мера која претставува опасност за самите нив или за останатите додека се на работа
  • Да соработуваат со нивните работодавачи во поглед на безбедноста, здравјето и благосостојбата на работа
  • Да ги употребуваат на правилен начин средтсвата за работа кои се опремени со одредена заштита
  • Да учествуваат во обуките за безбедност и здравје обезбедени од нивните работодавачи
  • Да известуваат за сите невообичаени ситуации, процедури или дефекти кои би можеле да ги загрозат безбедноста, здравјето и благосостојбата на луѓето
  • Да не учествуваат во било какви несоодветни активности кои може да ја загрозат безбедноста и здравјето на лицата околу нив.