Проценка на ризикот претставува резултат на комбинирање на сериозноста на опасностите и нивните потенцијални резултати со други фактори кои вклучуваат статистички податоци за бројот на случувањата и на бројот на лицата кои се изложени на одредени опасности. Постојат бројни формулации кои се користат за пресметка на вкупниот ризик почнувајќи од едноставни пресметки кои користат три нивоа: високо, средно и ниско ниво, па се до сложени алгоритми кои го пресметуваат ризикот во високо ризични работни локации (пр.Нуклеарни централи).
Важно е да се осигура дека остатокот од ризикот по имплементирањето на контролните мерки е на најниско можно ниво, а при тоа да се води сметка трошоците за намалувањето на ризикот да не ги надминат придобивките од намалувањето на ризикот.
Управувањето со безбедноста и здравјето при работа првенствено се однесува на претпријатијата со добро организирана управувачка структура, кадешто управувањето со професионалната безбедност и здравје може да биде интегрирано во генералниот управувачки систем. Посебно тоа е насочено кон извршните директори, бордот на директори и високиот менаџмент кои ги контролираат различните органи на работните места, сите повисоки менаџери кои делегираат одговорности за професионална безбедност и здравје, како и претставниците за безбедност и здравје. Помалите претпријатија со помалку формален начин на управување, со оглед на поедноставната организациска структура можат многу полесно да ги интегрираат принципите на безбедност и здравје при работата.
Постојат силни причини од економски, законски и морално-етички карактер за намалување на незгодите и болестите поврзани со работатното место.
Економски причини
Покрај намалувањето на трошоците, ефективното управување со безбедноста и здравјето при работата индуцира ефикасност на бизнисот. Илјадници несреќи поврзани со работата, резултираат во повеќедневно отуство од работа. Болестите поврзани со работата исто така предизвикуваат повеќедневно отсуство од работата, многу често подолго отколку кај несреќите. Овие несреќи и болести поради работата се резултата на неуспех и дефицит во управувањето со професионалната безбедност и здравје во организациите.
Законски причини
Законот за безбедност и здравје ги обврзува друштвата да ги осигураат безбедноста, здравјето и благосостојбата на вработените, односно да ги управуваат и спроведуваат работните активности на начин кој ќе осигура безбедност, здравје и благосостојба кај вработените. Ова бара од друштвата да бидат проактивни во управувањето со одговорностите за безбедноста и здравјето при работата, како и справување со истите на систематски начин.
Морални и етички причини
Проактивното управување со безбедноста и здравјето на работното место им помага на организациите да се заштитат истовремено и себеси и вработените од повреди и болести при работа.
Без разлика на големината на организациите потребата од управување со безбедноста и здравјето при работа е подеднакво важна. Всушност, организациите и одговараат пред законот за безбедноста и здравјето на вработените и на сите останати кои можат да бидат засегнати поради природата на работата на организациите.
Незгодите и болестите поради работата се проследени со трошоци за бизнисот, загуба на време, губење на вештини, зголемување на премиите за осигурување, законски процедури и сл. Придобивките од ефективното управување со безбедноста и здравјето за малите бизниси посебно, се многу значајни. Постојат евидентни докази дека ефективното управување со безбедноста и здравјето придонесува директно за целокупниот упсех на бизнисот. Ова важи за сите сектори во стопанството и за сите бизниси без разлика на обликот или големината.
Покрај очигледните законски и морални обврски кои друштвото ги има како работодавач, посебно внимание треба да се посвети на последиците со кои може да се соочи друштвото поради сериозните повреди поради работата. Големи се последиците врз бизнисот доколку некој од клучните вработени е отсутен поради повреда или болест поврзани со работата. Покрај тоа, големи се последиците врз репутацијата на бизнисот. Исто така и осигурителните премии и надоместите за вработените. Позитивен и проактивен пристап кон управувањето со безбедноста и здравјето може да ги минимизира можностите за финансиска штета за бизнисот.
Основата за управување со безбедноста и здравјето на работните места е пишаната Изјавата за безбедност. Изјавата за безбедност претставува програма на бизнисот (управителот) за заштита на безбедноста и здравјето на вработените и останатите кои можат да бидат засегнати од работните активности. Самата припрема на Изјавата за безбедност нема да ги спречи повредите и болестите поради работата, но со самото дадено ветување за промовирање на безбедноста и здравјето при работа и одредувањето на аранжманите и средствата кои ќе бидат одвоени за нив, Изјавата за безбедност има витлана улога во управувањето со безбедноста и здравјето на работните места.
Управувањето со безбедноста и здрајето при работата е добро за сите.
- Ги намалува шансите за повреда на работното место
- Го подобрува моралот и мотивацијата кај персоналот
- Го намалува отсуството
- Штеди пари
Проценката на ризикот е фундаментална за доброто здравје и управувањето со безбедноста на работното место. Сите работодавачи без разлика на големината на бизнисот се обврзани со законот да извршат проценка на ризикот на нивните работни места и да чуваат пишано досие или извештај од кокретната проценка на ризик на работните места.
Работодавачите често ја избегнуваат идеата за извршување на проценка на ризикот бидејќи добиваат претстава дека таа е многу комплицирана, тешка за изработка, дури и непотребна.
Проценката на ризикот е едноставен поглед одблиску на работните места и природата на работните активности кои можат да предизвикаат штета на вработените и посетителите (клиенти, потрошувачи, добавувачи, маркетинг агенти итн.) на работните места во една организација и одредување на контролните мерки кои организацијата може да ги имплементира за минимизирање на ризикот.
Постојат 3 основни чекори во проценката на ризикот:
- Препознавање на опасностите (пр.се што има потенцијал да предизвика штета во облик на повреда или болест кај луѓето.
- Препознавање на нивото на ризик за секоја опасност (производот одверојатноста од појавата на некоја штета со бројот на случаи (зачестеноста) на штетата или болеста преземена од статистички податоци. При овој чекор се одлучува кој се може да биде повреден со посебен пристап на ранливите групи на лица (млади лица, бремени жени, постари лица, сменски работници итн.)
- Препознавање и утврдување на контроли или подобрувања кои е потребно да се воведат за да се избегне или намали ризикот. Контролните мерки се најзначаен дел од проценката на ризикот, бидејќи тие ги одредуваат чекорите кои мора да бидат следени за да се заштитат луѓето на работното место. Некои од контролните мерки се вообичаена пракса. Организацијата мора да одлучи дали има потреба од дополнителни контролни мерки. Проценката на ризикот им овозможува на организациите и нивните управители да дознаат кои се високоризични опасности кај нивните работни места и истите да ги стават како приоритет при управувањето со безбедноста и здравјето.