Мерење на осветленост во работна средина (MKS EN 12464-1:2008)

Испитувањето на осветлувањето и мерењето на јачината на осветленоста без разлика дали станува збор за осветлување во надворешни или внатрешни услови, претставуваат основни предуслови за квалитетот и функционалноста на објектите и влијаат на препораката за нивна појдовна или понатамошна употреба. Осветленоста на просторот која е предмет на широка употреба од страна на нејзините корисници мора да соодветствува на пропишаните стандарди и важечките регулативи и воедно е обврзувачка категорија како за изведувачите така и за корисниците на инсталациите за осветлување. Квалитетно проектираното и изведено осветлување влијае во одржување и подобрување на здравата животна и работна средина на неговите корисници.

Прегледот и испитувањето на инсталациите за осветлување се врши во следните ситуации:
  • При изведба на нова инсталација за осветлување за нов или постоечки објект;
  • Периодични испитувања и контроли на инсталација за осветлување кои се пропишани со закон со соодветен период кој зависи од видот и намената на објектите;
  • При промени на инсталациите за осветлување (изведба на дополнителни инсталации или замена поради оштетување и дотраеност).

Мерењата кои се составен дел и основна алатка на испитувањето и контролата на инсталациите за осветлување ги врши стручна екипа со користење на калибрирани инструменти и опрема и примена на општоприфатени методи и техники.

Испитувањето и мерењето на осветленоста на светлечките инсталации се врши според актуелните важечки законски нормативи и прописи,  согласно барањата на стандардите кои се пропишани за оваа проблематика (MKS EN 12464-1:2008).