Прегледот и испитувањето на нисконапонската електрична инсталација заедно со прегледот и испитувањето на громобранската инсталација претставуваат основни мерки за заштита на објектите и луѓето кои ги вршат своите активности во нив од аспект на опасностите кои се појавуваат како резултат на користење на електрична енергија. Поради тоа, како и кај громобранските инсталации, така и кај нисконапонските електрични инсталации задолжителна обврска на сопствениците на објектите да направат испитување и да делуваат превентивно со цел да се заштитат од било какви штети и незгоди кои може да настанат како резултат на неисправни електрични инсталации (последици од влијание на опасен директен и индиректен напон на допир).
Прегледот и испитувањето на нисконапонската електрична инсталација е сложен систематски процес во кој меѓу најбитни активности се вбројуваат:
- Мерење на отпор на заштитно и работно заземјување
- Мерење на отпор на изолација на кабли (изолациска отпорност)
- Мерење на отпор (импеданса) на заштитен струен круг
- Мерење на инсталација за изедначување на потенцијал
- Мерење на напон на чекор и допир
- Мерење на статички електрицитет
Прегледот и испитувањето на громобранската инсталација се врши во следните ситуации:
- При изведба на нова електрична инсталација на нов или постоечки објект;
- Периодични испитувања и контроли на електричната инсталација кои се пропишани со закон со соодветен период кој зависи од видот и намената на објектите;
- При промени на електричните инсталации (изведба на дополнителни инсталации или замена поради оштетување и дотраеност).
Мерењата кои се составен дел и основна алатка на прегледот и испитувањето на нисконапонската електрична инсталација ги врши стручна екипа со користење на калибрирани инструменти и опрема и примена на општоприфатени методи и техники.
Прегледот и испитувањето на нисконапонските електрични инсталации се врши според актуелните важечки законски нормативи и прописи, согласно барањата на стандардите кои се пропишани за оваа проблематика (MKS EN 60364-6-:2010).