Прегледот и испитувањето на исправноста на громобранските инсталации (класични и раностартирачки) претставува клучен фактор за безбедноста и функционалноста на објектите и на луѓето кои своите активности ги вршат во нив. Во тој поглед произлегува и законската обврска на сопствениците на објектите да извршат преглед, испитување и контрола на громобранските инсталации со цел да се заштитат од штети и несакани последици поради неочекувани атмосферски празнења кои се карактеризираат со удар на гром.
Прегледот и испитувањето на
ромобранската инсталација е сложен систематски процес во кој меѓу најбитни активности се вбројуваат:
- Мерење на отпор на громобранска инсталација и заземјување и испитување на галвански врски
- Преглед и испитување на раностартирачки громобрани
Прегледот и испитувањето на громобранската инсталација се врши во следните ситуации:
- При изведба на нова громобранска инсталација на нов или постоечки објект;
- Периодични испитувања и контроли на громобранската инсталација кои се пропишани со закон со соодветен период кој зависи од видот и намената на објектите;
- При промени на громобранските инсталации (изведба на дополнителни инсталации или замена поради оштетување и дотраеност).
Мерењата на отпорот на заземјувањето кое се користи за громобранската инсталација ги врши стручна екипа со користење на калибрирани инструменти и опрема и примена на општоприфатени методи и техники.
Прегледот и испитувањето на громобранските инсталации и мерењето на отпорот на громобранското заземјување се врши според актуелните важечки законски нормативи и прописи, согласно барањата на стандардите кои се пропишани за оваа проблематика (MKS EN 62305:2013 и MKС Н.Б4.801 и MKС Н.Б4.803, MKС Н.Б4.804 и MKС Н.Б4.810).