Кои сме ние?

Друштвото за проектирање, монтажа, испитување и инженеринг ТЕХНИЧКА СИГУРНОСТ - БМВ Мирко Д.О.О.Е.Л. Скопје, е основано во 2004 година од страна на сопственикот г-дин Мирко Маџовски како стручна и професионална организација регистрирана во областа на техничко испитување и анализа.

Во почетокот при формирањето како основна дејност во Нашата организација беше воспоставена мерната техника и анализа со еден поширок дијапазон на мерења и испитувања на громобрански и електрични инсталации согласно важечката законска регулатива и прописи. Веќе од 2010 година, организацијата ги вклучува промените во законската регулатива во чии рамки делува и започна со имплементација на меѓународните стандарди во нејзиното секојдневно делување и работните процедури, во условите на работа и во техничкиот персонал и опремата ангажирани за целосно, квалитетно и ефикасно извршување бараните услуги.
 

Мисија

Нашата мисија е навремено, квалитетно и ефикасно извршување на услугите, задоволување на барањата на клиентите и исполнување на сопствените очекувања и цели.

Вредности

  •  Квалитет
  •  Експертизам
  •  Ефикасност
  •  Флексибилност
  •  Интегритет
  •  Лојалност
  •  Доверливост
Како резултат на долгогодишното делување во областа, во голема мера благодарение на личното искуство и макотрпна работа на основачот г-дин Мирко Маџовски, Техничка Сигурност - БМВ денес е овластена огранизација од Министерството за труд и социјална политика за вршење на стручни работи од областа на Безбедност и здравје при работа и акредитирана организација од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија при Министерството за Економија со решение  од техничка инспекција при Министерство за економија за технички прегледи и испитувања.